Вселенскиот патријарх Вартоломеј бил главен говорник на 12. Меѓународна академска средба за православие и јудаизам, одржана во Женева под наслов „Светост на местото, светост на просторот“. Настанот, кој има за цел продлабочување на меѓурелигискиот дијалог, ги собра водечките претставници од двете традиции на високо научно и духовно ниво.
Во својот говор, Вселенскиот патријарх нагласил дека светите места и човечкото достоинство се неразделно поврзани и ги повикал заедниците да се почитуваат и уважуваат едни со други слушајќи ги меѓусебно грижите и ставовите. „Во свет соочен со поделби, конфликти и страв, дијалогот е поважен од кога било. Секој чин на гостопримство, почит и искрена дискусија е чекор кон мир“, истакнал тој.
На средбата, Патријархот го придружувале копретседателот на собирот, митрополитот Халкидонски Емануил, архимандритот Јаков, како и митрополитот на Швајцарија Максим.
Присуството на високи претставници на Вселенската патријаршија ја нагласи важноста што Фанaр му ја придава на дијалогот со јудаизмот и на пошироките меѓурелигиски односи.

