Албанската православна црква упати протест до Министерството за култура на Албанија, поради неговата одлука да и дозволи на една модна агенција да прави фотосесии за реклами на невестински фустани во верските храмови, објави грчкиот портал “Њузмесинија”.
На фотографиите се сликани млади жени облечени во невестински фустани пред олтарите во православни цркви во албанските градови Берат и Елбасан.
– Ваквиот потег не е во согласност со заложбите за верска хармонија, со која се гордее земјата. Ваквите светогрдија не се реклама за културното наследство и досега не се преземени кон ниту една верска заедница во Албанија, се наведува во соопштението на Албанската православна црква.
Во соопштението се оценува дека албанската Влада продолжува да врши злосотрство врз свети места и да ги навредува верските чувства на православните граѓани.