Почетна Вести Христијанство Владиката Петар на протест против Ванчо Михајлов, а негови свештеници служат панихида за Ратко и Менча
vanco bitola 1
vanco bitola 2
vanco bitola 3
vanco bitola 4
vanco bitola 5
vanco bitola 7

Владиката Петар на протест против Ванчо Михајлов, а негови свештеници служат панихида за Ратко и Менча

814
3

Преспанско-пелагонсикот митрополит г. Петар не ја пропушти можноста да го демострира својот патриотизам и во саботата беше дел од членовите и симпатизаерите на политичаката партија Левица кои организраа протестест во Битола против доаѓањето на бугарската делегација и отврањето на бугарскиот клуб Ванчо Михајлов во Битола.

Протестот беше организран против именувањето на културниот клуб со името на Михајлов, како што дефинираа организаторите, фашист и негатор на македонскиот национален идентитет.

Ванчо Михајлов е секако контраверзна личност, но сепак дел од македонската историја. Неспорен е неговиот самопределувачки идентитет како Бугарин, но роден во Ново Село Штипско. Човекот беше жив до создавањето на првата независна македонска држава, но одбиваше да признае македонски национален идентитет.

Сепак, интересно е да се анализра неговиот лик со настаните од Битола.

На 16 април 2022 година надлежниот владика на епархијата со седиште во Битола е дел од протестот против ликот и делото на Ванчо Михајлов. Некои ќе рачат легитимно. Можеби и исправно.

Но, на 13 септември 2020 година, во една од црквите во истата Битола, (поточно главната Соборна црква Свети Димитрија) свештеник на епархијата што ја води владиката Петар, служи панихида за Ванчо Михајлов и неговата сопруга Мелпомена Димитрова Крничева, позната и само како Менча — револуционерен деец на Внатрешната македонска револуционерна организација, која на 8 мај 1925 година, по налог на Ванчо го врши атентат врз Тодор Паница.

Ретко кој би поверувал дека за ваков настан, обичен свештеник сам би се осудил да не го информира Владиката, особено кога станува збор за Валидката Петар, или пак воопшто дали може некој нешто да направи во битолските цркви без благослов од надлежниот митрополит Петар?

Сепак, дека настанот се случи покажуваат фотографиите кои се јавно достапни, токму на профилот од оној исти клуб против кој протестираше владиката Петар.

Панихидата е во организација на истиот Клуб. А како декор членовите го носат знамето на полтичката партија на Красимир Каракачанов од Бугарија. Истото знаме е поставено и на пултот на кој е служена панихидата.

 

Коментар(3)

  1. Прво, црквата е Пресвета Богородица, а не Св. Димитрија, барем тоа можете да го проверите точно. Второ, кој смее и кој може да одбие да се служи панахида за некој? Секој човек кој починал заслужува да му се служи панахида. Е сега, кој бил, каков бил, ни се допаѓа или не нам, тоа е друго.
    Немојте да напаѓате само и да зафаќате страни за и против некој.
    Секогаш дедо Петар ви е прв на тапет …
    Велигден е уште малку … Христос Воскресе!

  2. Georgi, očekuvame da služiš panihida i na nekoj istaknut od UČK, oti umrel, ili da go pričestiš Ali Ahmeti, ili koga će se upokoi I na nego da služiš panihida. Vtoro očekuvame nekoj od arhiereite na MPC da go tituliraš kako bate, čičko, striko ili komšija, a ne samo dedo, a nikako preosvećeni, visokopreosvećeni, blaženjejši. Ti I na Porfirije, Vartolomej će mi se obratiš li so tutulata-dedo.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *