1.59K
0
Црквата Свети Прохор Пчински во Пјаченца Италија била претесна да ги собере сите Македонци кои дојдоа на храмовата слава на оваа црковна општина, која е дел од Европската Епархија на МПЦ.
Како и секогаш црковната општина „Свети Прохор Пчински во Пјаченца организирала добар домаќински пречек за сите македонски верници, а меѓу најбројните гости на славата биле членовите на црковната општина во Неиве.
Годинава на оваа црковна слава посебна свеченост и даде присуството и на уште еден Владика на МПЦ. Литургија за празникот, покрај надлежниот Архиереј Владиката Пимен, служел и Струмичкиот митрополит Наум.
Тој воедно бил и гостин на Владиката Пимен во Европската Епархија изминатава недела.
ГАЛЕРИЈА: