Почетна Вести Виенскиот кардинал тврди дека ИСИЛ го распнале киднапираниот свештеник
Виенскиот кардинал тврди дека ИСИЛ го распнале киднапираниот свештеник

Виенскиот кардинал тврди дека ИСИЛ го распнале киднапираниот свештеник

206
0

Vienski KardinalВиенскиот кардинал Кристоф Шонборн тврди дека на Велики петок во Јемен, исламистите од ИСИЛ најверојатно ја извршиле заканата и на крст го распнале католичкиот свештеник Том, кој беше киднапиран при нападот во кој ИСИЛ уби 14 луѓе. Кардиналот од Виена ова го соопштил за време на велигденската проповед кон Австријците.

Сепак се уште нема никакви официјални потврди за убиството на свештеникот, ниту пак ИСИЛ досега објави какви било фотографии или видеа, што вообичаено го прави кога егзекутира некој.

Отец Том, исчезна на 4 март, кога припадници на ИСИЛ упаднаа во дом за стари лица и убија 14 лица, меѓу кои и 4 монахињи од редот на Мајка Тереза.

Христијанскиот свет пред Велигден стравуваше дека Отец Том ќе биде распнат на крст на Велики поток.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *