Почетна Вести ВИДЕО: Велигден во Светот

ВИДЕО: Велигден во Светот

115
0

veligden svet 1Православните христијани секаде во светот го прославија најголемиот христијански празник, Христовото воскресение Велигден.

Од Ерусалим па до Москва, како и во православните цркви во Западна Европа, Америка и Азија беше објавена веста за Воскресението Христово

Во соседна Србија во храмот на Свети Сава во Белград, точно на полноќ воскресенска литургија служеше поглаварот на Српската православна црква, патријархот Иринеј, а на неа присуствуваше српскиот претседател Томислав Николиќ.

Во најголемата православна земја Русија главната верска служба се одржа во Москва.

На Блискиот исток православните верници се собраа на богослужба во либанската престолнина Бејрут, и во коптските храмови во Каиро, но сепак главната церемонија се одржа во стариот дел на Ерусалим со пaлење на светиот оган во црквата каде според преданието Исус бил погребан по распнувањето  и каде се случило воскреснувањето.

Во Грција пак Велигден беше прославен со традиционален огномет и петарди иако официјалната црква се противи на таквиот обичај.

Велигден со свечени литургии го прославија и православците во Украина како и православните заедници во Северна Америка и Австралија.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *