Почетна Вести ВИДЕО: Добредојдовте во Исламската држава Германија.

ВИДЕО: Добредојдовте во Исламската држава Германија.

340
0

На Бранденбуршката капија се завеало знамето на Исламската држава, додека на врвот на катедралата во Келн се гледа полумесечина со ѕвезда.

Ова се само некои од кадрите во филмот кој предизвикал вистинска бура во германските медиуми.

germanija-isАвторот на филмот не го заборавил ниту Октоберфест. Според неговата верзија, свинското и алкохолот ќе бидат забранети на таа манифестација. Видеото го направила американската конзервативна организација “Secure America Now”.

Весникот Stern ја нарекол оваа снимка апсурдна. Авторот на статијата смета дека помеѓу видеото и изборите во САД постои поврзаност, иако авторот тоа го негира. Huffington Post исто така го поврзал ова видео со предизборната кампања во САД.

Според мислењето на авторот на статијата, креаторите на видеото се поврзани со Републиканската партија.

-Катедралата во Келн со полумесечина на врвот, Октоберфест со таблички на арапски, и секако, без алкохол и свинско – така приврзаниците на Трамп ја претставуваат Германија во блиска иднина”, стои во статијата.

Германскиот весник Bild објавил статија со наслов “Трамп користи страшно видео во предизборната борба”. Главната порака на видеото е: “Храбрите џихадисти успеаја да ја освојат Германија и да го прошират калифатот. Внимателно, Американци, вашата земја не смее да заврши вака”.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *