Почетна Вера Велигден во Австралија со Игуменот Гаврил
23
22
21
20
19
18
17
16
15
14
13
12
11
10
9
8
7
6
5
4
3
2
1

Велигден во Австралија со Игуменот Гаврил

237
0

Македонците во Австралија масовно го одбележаа Христовото воскресение Велигден. Во сите храмови на МПЦ-ОА беа служени воскресни велигденски литургии на полноќ и во текот на првиот и вториот ден од Велигден.

Најмасовна и централна беше прославата за Велигден во храмот „Успение на Пресвета Богородица“, каде служеше Игуменот, Гаврил.

-Воскресението е светлина. Кога ќе речеме воскресение, нас едноставно не асоцира на светлина. Велигденскиот поздрав, Христос воскресе – навистина воскресна е пренесување на светлината Христова. Изрекувајки го овој поздрав ние ја сведочиме светлината.

За да ја сведочиме таа светлина треба живо да соучествуваме во настаните од животот Христов на Неговите маки, распнување, погребение и слегнување во адот и воскресение. Преку аскетско-исихастичкиот подвиг на очистување на срцето од страстите да ги распнеме нашите страсти со воздржание. Да го приковиме нашиот ум за зборовите на молитвата ” Господи Исусе Христе, помолуј ме”. Да го погребеме нашиот стар човек и да се симнеме со умот во адот по зборовите на преподобниот Силуан Атонски:”држи го умот во адот и не очајувај” за да на крајот и ние да совоскресеме со Христос во Неговата светлина.

Нека благодатта и светлината на воскресението Христово заблеска во сите нас, во нашето срце, во нашиот ум, во нашите души, во нашиот живот и сите задно и едномислено да речеме “ХРИСТОС ВОСКРЕСНА! – НАВИСТИНА ВОСКРЕСНА!, стои во Велигденската порака на Игуменот Гаврил.

Тој на верниците им го честиташе велигден на 14 јазици, преку својот Фејзбук профил

ХРИСТОС ВОСКРЕСНА!
Христос Васкрсе,
ქრისტე აღსდგა,
Χριστός Ανέστη,
Kristus prisikėlęs,
Hristos a înviat,
Христос воскрес,
Хрыстос уваскрос,
Хрыстос възкръсна,
քրիստ ոս առած,
Christus resurrexit,
المسيح قام حقا قام ,
Krisztus feltámadt,
ישו קם לתחייה

ГАЛЕРИЈА:

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *