Почетна Вести ТУРСKИОТ ВЕСНИK „АЈДИНЛИK“ ТВРДИ: Американското разузнавање го предупредило вселенскиот патријарх да ја напушти Турција за време на ударот
ТУРСKИОТ ВЕСНИK „АЈДИНЛИK“ ТВРДИ: Американското разузнавање го предупредило вселенскиот патријарх да ја напушти Турција за време на ударот

ТУРСKИОТ ВЕСНИK „АЈДИНЛИK“ ТВРДИ: Американското разузнавање го предупредило вселенскиот патријарх да ја напушти Турција за време на ударот

227
1

Вселенскиот патријарх Вартоломеј бил информиран за извршувањето на обидот за државен удар во Турција од страна на американските разузнавачки служби и затоа итно ја напуштил земјата. Ова тврдење деновиве се појавило во турските медиуми каде се наведува дека ова се должело не само на добрите врски кои тој ги има со САД туку и со проповедникот Фетулах Ѓулен, кого турските власти го обвинуваат за организирањето на неуспешниот државен удар.

Vartolomej slika 2Турскиот весник „Ајдинлик“ објави информација дека информацијата што ја добил вселенскиот патријарх од овие служби била и главна причина што тој итно го напуштил градот додека во него се правел обид за ударот.

– Тој заминал само три часа пред да се случи ударот и тоа во непознат правец за подоцна да се разбере дека престојува во Словенија. Тој е добро информиран од американските разузнувачки служби, а со Фетула Ѓулен е поврзан уште од деведесеттите години на минатиот век кога го промовирале меѓуверскиот дијалог, објавува овој весник во статијата што е пренесена и во грчките медиуми.

Во статијата се наведува и тоа дека добри односи со Фетула Ѓулен одржува и влијателниот митрополит на Вселенската патријаршија во САД, Алекс Kарлоутсос, кого грчкиот печат во САД го нарекува „семоќниот отец Алекс“. Се наведува дека тој е личност преку кого Вселенската патријаршија одржува комуникација со Институтот „Ѓулен“.

Ваквите обвинувања доаѓаат во периодот кога Турција значително ги подобрува меѓудржавните односи со Русија, чија православна црква и круговите блиски до неа се конфронтираа со вселенскиот патријарх за одржувањето на православниот собор на Kрит во јуни годинава и кој го бојкотираа. Од руските кругови доаѓаа тврдења дека соборот се организира под големо влијание на САД, а преку личноста на патријархот Вартоломеј.

vartolomej na bled 2Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган неодамна го обвини Фетулах Ѓулен дека е одговорен за нарушувањето на турско- руските односи и дека зад сето тоа стои „неговата терористичка организација“.

Познато е дека ненадејното заминување на вселенскиот патријарх Вартоломеј од Истанбул во периодот кога се вршеше обид за државен удар на 15 јули предизвика многу прашања и дилеми. Официјално објаснување беше дека тој во словенечкото летувалиште Блед заминал „на одмор“.

По враќањето во Турција, тој ја потпиша заедничката изјава на верските лидери во Турција, кои го осудија обидот за државен удар. Од друга страна, дилемите за причините за напуштањето на Истанбул и заминувањето во Словенија ги подгреа и српскиот загрепско-љубљански митрополит Порфирие кој објави соопштение во кое наведува дека воопшто не бил информиран за претстојниот на патријархот Вартоломеј на подрачјето на неговата епархија која ја опфаќа и Словенија.

– По престојот во Словенија всленскиот патријарх заминал и во Франција каде што, според канонскиот ред, го посетиле неколку надлежни митрополити. Со ова се добива впечаток дека никој од Српската патријаршија не нашол за потребно да ја изврши својата елементарна обврска – да го посети патријархот. Надлежниот митрополит Порифирие би бил последен кој би бил рамнодушен кон присуството на кој било владика, а посебно на вселенскиот патријарх. Но, иако е ова подрачје на автокефална СПЦ никој од Цариградската црква не најде за потребно формално да го информираат надлежниот митрополит или кој било друг орган на СПЦ, се наведува во српското црковно соопштение.

Во него се потенцира и тоа дека тоа се дава како објаснување, но и за „едни другите да ги потсети на тоа дека на сите може да ни се случи тоа што, инаку, обично со право, им го забележуваме на браќата“.

/ДНЕВНИК

Коментар(1)

  1. Словенија не е земја со доминантно православно население, не постои Словенечка Православна Црква, значи не може да биде јурисдикција на СПЦ, туку дијаспора за разни помесни Православни Цркви.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *