77
0
За време на посетата на Естонија турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу изјави дека неговата земја е подготвена да ја изгради првата џамија во земјата, ако властите на земјата не приговараат пренесе Russianconstruction.com.
“Ако Естонците се согласуваат, ние ќе сме среќни да изградиме џамија во Талин или некаде на друго место”, изјавил Чавушоглу.
Според него тие кои ќе проповедаат умерен ислам треба да имаат каде да проповедаат, инаку ќе бидат подложни на влијанието на радикалниот.
“Турција е цврсто против радикализацијата и на неа треба да се спротивставиме”, додаде тојс. “Ова се однесува и до други европски земји. На многу места Турција гради џамии и праќа имами “, посочил министерот.
/ЛОКАЛНО