Во селото Пчиња започна реконструкцијата на кровот и објектите околу црквата „Св. Богородица“, со цел да се зачува храмот и да се уреди просторот околу него.
Проектот е значаен за локалната верска заедница, бидејќи со обновувањето треба да се обезбедат подобри услови храмот и понатаму да служи на верниците и на идните генерации.
За реализацијата на проектот се потребни значителни финансиски средства, поради што од црквата упатуваат јавен апел за донации.
Од храмот ги повикуваат сите добронамерни луѓе, мештани, верници и донатори да помогнат според своите можности, без разлика на висината на донацијата.
„Секоја донација, без разлика на износот, е добредојдена и претставува голем придонес за нашиот храм и завршувањето на овој проект“, се наведува во апелот.
Од црковната заедница упатуваат благодарност до сите кои ќе помогнат во обновувањето на храмот, со порака: „Бог да ве благослови за секоја помош и поддршка!“

