Почетна Анализа Света Софија – Турција: Вандализми, отпадоци и прашина во Света Софија
Света Софија – Турција: Вандализми, отпадоци и прашина во Света Софија

Света Софија – Турција: Вандализми, отпадоци и прашина во Света Софија

1.03K
1

Запуштеност на културниот споменик Света Софија – коментари со критики од страна на турски корисници на социјалните мрежи – Започнува истражување за вандализмите во царската порта. 

Вандализми, отпадоци, прашина. Нови фотографии и видеа излегоа во јавност на турските социјални мрежи од состојбата во која е доведена во последниов период Света Софија, по повторното пренаменување во џамија во 2020.

Фотографиите се пропратени со коментари од корисници против надлежните турски власти, кои не можат да го заштитат културниот споменик (Света Софија), којшто припаѓа на листата на споменици од светското културно наследство, на УНЕСКО.

Вандализмот врз царската порта на Света Софија предизвика реакции и во Грција, кон која денес ѝ се обраќаат турските информативни медиуми, веднаш по жалбата поднесена на Велики Вторник од страна на Здружение за историја и уметност на Турција, што предизвика вознемиреност. Соопштението на Министерството за надворешни работи го карактеризира како дело кое „предизвикува одвратност и тага“, па бара од турските власти „да го направат потребното за одговорните да се изведат пред правдата, како и веднаш да се санираат штетите на Споменикот“.

Генералниот директорат за фондации веќе соопшти дека започнува истрага за вандализмот и за пронаоѓањето на сторителот/ите, додека, пак, Генералниот секретар на Истанбулската општина, Махир Полат, побара интервенција од Обвинителот: „ Многу е жалосно оштетување на историската порта на Света Софија. Лицето или лицата што ја предизвикаа штетата ќе треба да бидат идентификувани на камерите. Оваа тема треба да стаса до Обвинителот, согласно членот 65 од Законот 2863, бидејќи штетите се однесуваат на историско здание од прв степен и се направени со умисла“, објави Полат на својот личен профил на Twitter.

Генералниот директорат за фондации соопшти дека започна истрага за идентификација на сторителите. Како што е познато, двајца управници и двајца технички инспектори од Фондацијата презедоа одговорност да го истражат случајот за оштетувањето на царската порта на Света Софија. Во последните часови на турските социјални мрежи се објавуваат фотографии и видеа од оштетените делови во Света Софија, со мноштво коментари. Едно видео од изминатиот декември покажува штети на внатрешните ѕидови на Света Софија, веднаш зад царската порта. Значи, од тогаш се забележуваат знаци на вандализам.

На социјалните мрежи беше прикачена и фотографија од царската порта на Света Софија од 1890 година, една од најстарите, кога Света Софија и тогаш функционираше како џамија.

Провокаторот Соилу: Света Софија е само почеток

И покрај негодувањето за вандализмите во Света Софија, тесниот соработник на Реџеп Таип Ердоган се закани дека, пренамената на Света Софија во џамија е само почеток, потенцирајќи всушност дека Турција не му се плаши на Западот.

„Бидејќи рекоа: не можете да го направите, ги отворивме одново затворените Вароши на Кипар, по желба на нашиот претседател. Знаете што направивме кога тие се занимаваа со пандемијата? Ја претворивме Света Софија во џамија, нешто кое со години како Дамоклов меч ни го држеа над глава, уценувајќи нè со нарушување на мирот и се колнеа дека нема да ни допуштат да ја претвориме. Го кажувам ова за да разберат и да бидат подготвени за она што ќе го правиме“, изјави карактеристично.

/ИЗВОР

Коментар(1)

  1. Не се грижат за Света Софија затоа што знаат дека колку и да ја пренаменуваат во џамија, таа почива на христијанскиот темел и ја сочинуваат христијанските ѕидови и христијанската купола. Колку само Божествени Литургии се отслужени во неа низ вековите. Таа никогаш нема да биде џамија, што и да прават, а тие никогаш не биле и нема да бидат нејзини наследници. Ниту некогаш била храм на Западното христијанство: ја подигнал македонскиот цар на Византија, Св. Јустинијан, кој е совршен православен образец за христијански Цар. Сите тие политички манипулации и надитрувања нема да го обесхрабрат боготрагателот на новото време ниту ќе го нагрдат лицето и подвигот на Јагнето Божјо Кое го спасува светот со Своето Свето Воскресение освојувајќи го нашето. Христос воскресна!

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *