Судир во американскиот Сенат околу прашањето за полот и бременоста

Date:

Share post:

Американскиот сенатор Џош Хоули се соочи со отпор за време на сослушување во Сенатот, откако побара јасен одговор од лекар-гинеколог дали мажите можат да забременат. Прашањето беше поставено на седница на Комитетот за здравство, образование, труд и пензии, посветена на употребата на медикаменти за хемиски абортус.

Хоули ја испрашуваше докторката Ниша Верма, повикана како експерт од страна на демократите, откако таа и претходно избегна директен одговор на истото прашање поставено од друга сенаторка. Кога повторно беше запрашана дали смета дека мажите можат да забременат, Верма изјави дека се воздржала од одговор бидејќи не ѝ било јасно во која насока оди разговорот и која е целта на прашањето.

Таа нагласи дека во својата пракса работи со пациенти со различни идентитети и дека токму поради тоа направила пауза пред да одговори. Хоули, пак, инсистираше дека станува збор за едноставно прашање поврзано со науката и биолошките факти, особено во контекст на актуелните расправи пред Врховниот суд на САД за учеството на машки спортисти во женски спортови.

Сенаторот повеќепати повтори дека прашањето не е теоретско, туку има реални последици за луѓето и јавните политики, и побара од докторката јасен одговор заснован на науката. Верма продолжи да одбива директен одговор, обвинувајќи го Хоули дека се обидува да го политизира прашањето и да ја поедностави неговата, како што рече, сложеност. Хоули возврати дека не станува збор за сложено прашање и дека сака да ја провери нејзината веродостојност како медицински професионалец. Тој нагласи дека не ги меша биолошкиот пол и родовиот идентитет и повторно побара одговор дали биолошките мажи можат да забременат.

Подоцна, сенаторот изјави дека не смета оти неговиот настап е поларизирачки, истакнувајќи дека е вистина дека постои научна разлика меѓу мажите и жените и дека жените се биолошка реалност која треба да биде препознаена и заштитена. Според него, одбивањето да се признаат овие разлики ја нарушува науката, јавната доверба и уставната заштита на жените.

На крајот од расправата, Хоули ја обвини докторката дека промовира политичка агенда која, спореd него, е отфрлена од американската јавност, оценувајќи ја размената на аргументи како „разјаснувачка, но и депресивна“.

Настанот предизвика бурни реакции на социјалните мрежи, каде дел од корисниците изразија став дека дел од американската политичка сцена се оддалечува од основните научни и реални поими.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img