Почетна Вести Регион Српски владици меѓу поптисници против санкции на Србија кон Русија
Српски владици меѓу поптисници против санкции на Србија кон Русија

Српски владици меѓу поптисници против санкции на Србија кон Русија

120
0

Во Белград почна петиција против воведувањето санкции кон Русија, која досега ја потпишаа повеќе од 200 јавни личности, меѓу кои се и академици и владици на СПЦ, како Иринеј Буловиќ  и Владиката Давид, режисерот Емир Кустурица, поранешниот амбасадор во Русија Славенко Терзиќ и други, јави дописникот на МИА од Белград.

Во петицијата се бара од претседателот на Србија, Александар Вучиќ, од владата и од „најважните институции на српскиот народ“ да го отфрлат „притисокот и уцената од Западот“ и да не воведуваат санкции кон Русија.

Во петицијата се оценува дека српскиот и рускиот народ имаат „најблиски врски“ и дека „трајното сојузништво“ со Русија денес е единствениот гарант за зачувување на територијалниот интегритет на Србија, односно Косово во нејзиниот состав, како и зачувување на дејтонската уставна позиција на Република Српска.

Потписниците на петицијата изразија надеж дека украинскиот народ ќе ги „отфрли“ западните сојузници кои, како што се наведува, од себични интереси ги туркаат во конфликт со „браќата Словени“.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *