100
0
Папата Франциск пред Велигден го посетил својот претходник почесниот папа Бенедикт XVI. Средбата била во манастирот во Ватикан, каде што престојува Бенедикт XVI по неговото повлекување од службата.
Според информациите од Ватикан срдбата траеле околу еден час.
Помеѓу папата Франциск и почесниот папа Бенедикт XVI постојат срдечни односи, како што веќе повеќе пати има истакнато папата. Тие се среќаваат најчесто за време на божиќните и велигденските празници, како и по патувањата на папата Франциск во странство, велат од Ватикан
Пред една недела Бенедикт XVI во едно интервју изјави дека Католичката црква се оддалечила од христовото учење.