Почетна Вести СПЦ основала фонд за изгорената црква во Њујорк
СПЦ основала фонд за изгорената црква во Њујорк

СПЦ основала фонд за изгорената црква во Њујорк

141
0

srpska crkva izgore 2Американската епархија на Српската православна црква основала фонд за обнова на катедралната црква „Свети Сава“ во Њујорк, која до темел изгоре на Велигден.

Со тоа се повикуваат сите свештеници и парохиските заедници да преземат чекори за реализација на оваа иницијатива.

Епископот Митрофан надлежен за источно-американската епархија вели дека српските браќа и сестри изгубиле духовен дом, центар на својот религиозен и национален живот.

– Поради ова, а пред се заради христијанската љубов и милосрдие сите сме повикани да си помагаме едни со други. Затоа ви се обраќаме на Вас, на православниот српски народ, не само во нашата земја, туку и надвор од неа, како и на сите православни браќа и сестри и на сите луѓе со добра волја да помогнат да го воскреснеме њујоршкиот катедрален храм, потенцирал српскиот епископ Митрофан.

 

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *