Рашко-призренската епархија при Српската православна црква го добила 16-годишниот судски спор со што се потврдува сопственоста на манастирот „Високи Дечани“ над 24 хектари земја во Грачаница, Косово.
Оваа одлука, како што пишува во соопштението на епархијата е од големо значење за одржливоста на манастирот „Високи Дечани“, кој е на листата на Светското културно наследство на УНЕСКО, како и за иднинатата на тамошното монашко братство.
„Во исто време, ова претставува охрабрување дека во сегашните услови на Косово и Метохија е можна заштитата на сосптвените права и да се сочуваат виталните интереси“, велат од епархијата.
Инаку, Уставниот суд на Косово не ја прифатил минатогодишната жалба на Апелациониот совет на Специјалната комора на Врховниот суд предметот повторно да се врати во Основниот суд во Дечани.
Уставниот суд утврдил и дека претходната одлука на Врховниот суд на 27 декември 2012 година, со која е потврдено правото на сопственост на земјата во спорот е res judicata (правосилна одлука).

