Почетна Вести Скапоцен подарок за Папата од Руската православна црква
Скапоцен подарок за Папата од Руската православна црква

Скапоцен подарок за Папата од Руската православна црква

561
0

Шефот на руската црквана дипломатија Иларион Алфеев му подарил скапоцен подарок на Папата Франциск, на денешната средба во Ватикан.

ilarion-i-papa-3Честицата од Свети Серафим Саровски во реликвијер во форма на јајце всушност е подарок од Патријархот Кирил за римокатоличкиот поглавар.

Честа кон подарокот Папата ја искажал наведнувајќи се и бакнувајќи го Реликвијерот со подарокот.

Алфеев и Папата Франциск разговарале за ситуацијата во односите меѓу православните и Pимокатолиците по средбата на папата и патријархот на Москва во Хавана во февруари годинава.

Исто така, една од централните теми на состанокот била и страдањта на христијаните на Блискиот Исток, каде што двете страни ја истакнале потребата од понатамошна консолидација на активностите.

ilarion-i-papa-1Митрополитот Иларион го информирал папата Френциск за иницијативите на Руската Црква да обезбеди хуманитарна помош за Сирија.

Инаку Митрополитот Иларион е во Италија како шеф на делегација на Руската Православна Црква која учествува на XIV седница од мешовита комисија за богословскиот дијалог помеѓу Православната Црква и Римокатоличката црква. Седницата ќе трае до 22 септември.

/РЕЛИГИЈА.МК

 

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *