Почетна Вести Што советува Папата за добар брак?
Што советува Папата за добар брак?

Што советува Папата за добар брак?

284
0

„Те молам, благодарам, прости“, овие три зборови се клучните за надминување на сите тешкотии и кризи во бракот, за кои Папата Франциск им советува на младите брачни парови да ги користат.

Papa vo Krakov 2Франциск овие совети за добар брак им ги кажал на младите брачни парови кои биле дел од манифестацијата „светски денови на младите“ во Краков.

-Не е лесно да се основа семејство, им рекол Папата, потсетувајќи ги на одговорноста за чувањет на бракот.

-Секогаш треба да го прашаш сопружникот: „Што мислиш? Можеме ли така? Никогаш не гази“ по другиот, туку користи го зборот „те молам“. Потоа треба да се биде благодарен, не го заборавајте зборот „благодарам.“ Понекогаш е многу тешко да се каже: прости. Во бракот помеѓу мажот и жената секогаш има повремено недоразбирање. Знајте да го препознаете и да молите за прошка. Има млади семејства, нововенчани парови, многу од вас се во брак, а други се подготвуваат за брак. Запамтете ги тие три збора кои многу помагаат во брачниот живот: те молам, благодарам, прости, изјавил Папата Франциск.

 

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *