Почетна Вести Руски свештеник обвинет дека одобрува женска кастрација кај муслиманките
Руски свештеник обвинет дека одобрува женска кастрација кај муслиманките

Руски свештеник обвинет дека одобрува женска кастрација кај муслиманките

186
0

Рускиот православен свештеник Всеволд Чаплин е обвинет дека одобрува и подржува женска кастрација кај младите муслиманки, откако на својата интернет страница му дал подршка за тоа на еден муфтија во Дагестан.

caplin popСлучајот го откри руската хуманитарна група „Руска иницијатива за правичност„ која има извршено истражување меѓу жените во руската автономна Република Дагестан во Северен Кавказ, во кој муслиманите се мнозинсто население.

Истражувањето покажало дека кастрацијата на женските гениталии е раширена во дагестанските планински села, како и дека се изведува на примитивен начин.

Не се применува никаква наркоза, па на младите девојки врз кои се практикува кастрацијата, им се нанесува физичка, но и длабока психолошка болка.

Регионалниот муфтија Исмаил Бердиев по тој повод изјави дека „сите жени би требало да се подложат на кастрација“ за да не може да уживаат во сексот.

Подоцна Бердиев ја повлече ваквата изјава, но во негова одбрана застана православниот свештеник Каплин.

Својот став тој го објаснува со толкувањето дека „христијаните имаат поинакви традиции, но дека никогаш не ги спречувале своите соседи (муслиманите) да ги практикуваат нивните обичаи“.

Според руските медиуми, на интернет Чаплин објавила дека „кастрирањето на христијанките не е потребно, затоа што тие во никој случај не се промискуитетни“.

– Господ ја создал жената за да раѓа деца и да се грижи за нив, а феминизмот е само лага, напиша свештеникот на Фејсбук, а објавата набрзо ја пренесоа медиумите.

Чаплин сега ги обвинува новинарите дека ја испревртеле неговата изјава, иако тие тврдат дека на интернет тој изразил симпатии за муфтијата во Дагестан, охрабрувајќи го да не се повлекува по „хистеријата што ќе биде создадена против него“.

Изјавата на муфтијата и подршката што ја добил од свештеникот, предизвика бурна реакција во руската јавност, посебно на социјалните мрежи.

Едни инсистираат дека не станува збор за исламска традиција, туку дека кастрацијата е остаток од практиката во некои племенски заедници. Други го осудуваат свештеникот што како црковно лице се занимава со женското тело, а жените од регионот го прашуваат Каплин дали заговара и палење на жените на клади, откако ќе бидат прогласени за вештерки.

ОН остро го осудуваат кастрирањето на гениталиите на жените како „насилство врз децата“, затоа што најчесто се изведува врз девојчиња по наполнети три години.

Повеќе од 200 милиони жени и млади девојки во светот се изложени на кастрирање (отсекување на клиторисот), покажуваат податоците на ОН.

Светската организација тврди дека кастрацијата се уште се практикува во 30 држави, најмногу во Африка, но и на Блискиот Исток и во Азија.

Истражувачите од „Руска иницијатива за праведност“ откриле жени во Дагестан, кои се согласуваат тоа да се изврши врз нивните ќерки.

/МИА

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *