Почетна Вести Руската црква во јули ќе донесе одлука за одлуките на Соборот од Крит
Руската црква во јули ќе донесе одлука за одлуките на Соборот од Крит

Руската црква во јули ќе донесе одлука за одлуките на Соборот од Крит

171
0

Руската православна црква на редовната синодска седници во јули ќе го дефинира својот став во однос на заклучоците од Соборот на Крит кој се одржа без нивно и без присуство на уште три православни цркви.

Sinod Ruska pravoslavna crkvaСекретарот на одделот за надворешни работи на РПЦ, Николај Балашов ова го најавил во изјава за „Интерфакс“

-Сметам дека Светиот Синод на Руската Православна Црква за време на следното заседание, што обично се одржува во јули, ќе ги разгледа документите усвоени од поглаварите и претставниците на десетте помесни Цркви, кои се собраа во Крит, за да го изразат односот кон нив од страна на Московската патријаршија. Сега да се даваат какви било коментари ќе биде избрзано, бидејќи требало внимателно да се анализираат одлуките, изјавил Балашов  за „интерфакс“.

Соборот во Крит заврши во неделата, со заедничка литургија на десетте поглавари чии цркви учествуваа, а претходно беа прифатени сите точки од дневниот  ред на Соборот.

/РЕЛИГИЈА.МК

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *