Почетна Вести Русија ќе гради црква за жртвите од авионската несреќа во Египет
Русија ќе гради црква за жртвите од авионската несреќа во Египет

Русија ќе гради црква за жртвите од авионската несреќа во Египет

77
0

Роднините на жртвите од несреќата на рускиот авион во Египет бараат во Санк Петербург да се изгради храм и споменик на жртвите во терористичкиот напад. Идејата е храмот и споменикот да бидат како единствен архитектонски комплекс во кој ќе има и плочи со имињата на жртвите.

Роднините на жртвите  веќе побарале од градските власти во овој руски град и дозвола за еден простор кој веќе го одбрале за место каде треба да се изгради црквата.

-Во несреќата не загинаа само на граѓани на Руската Федерација туки и на Белорусија и Украина, храмот ќе биде посветен во чест на светецот заштитник на сите словенски народи, Светиот великомаченик Димитриј,  велат иницијаторите

Авионот во кој загинаа 224 патници по полетувањето од Шарм ел Шеик се урна 31 Октомври, 2015 година.

Подоцна, беше утврдено дека несреќата се случила како резултат на терористички напад.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *