
Романската патријаршија направи интерактивен сајт со локации на сите објекти за социјални и медицински дејности кои се дел од Романската црква и невладините организации.
Надлежниот свештеник на Црквата задолжен за социјалниот дел од Патријаршиската администрација, соопштил дека оваа иницијатива има за цел да им ја олесни достапноста до социјалната и медицинска потреба на луѓето на кои најмногу им е потребна. Во таа грипа спаѓаат повозрасните, невработените, луѓето со хендикеп и социјалните случаи.
Сајтот има интерактивна карта на која по епархии и градови се покажани точно каде се наоѓаат пунктовите и помошта која ја нудат.
Оваа иницијатива сведочи за загриженоста на Романската Православна Црква за луѓето кои западнале во неволја и исто така е пример за тоа како би требало да се однесуваат другите православни христијани .