Почетна Вести Претепани двајца Католички свештеници во Бугарија
Претепани двајца Католички свештеници во Бугарија

Претепани двајца Католички свештеници во Бугарија

176
0

31 годишен маж, поранешен обезбедувач претепал двајца католички свештеници во Бургас во Бугарија.

Полицијата го привела и тој веќе се наоѓа во притвор. Станува збор за добро познат криминалец на бугарската полиција и наркозависник, кој на 1 март ноќта со боксови претепал двајца католички свештеници.

Според полициските информации причината за претепувањето била банална. Горан Горанов, ги нападнал свештениците откако тие го фатиле како краде цвеќиња во дворот на католичката црква.

Бугарските медиуми пишуваат дека полицијата можела да го спречи нападот на свештениците, бидејќи малку пред двајцата католички свештеници да бидат нападнати, напаѓачот бил во Католичката црква во Бургас, каде била повикана и полиција, но не презела мерки за негово приведување.

Малку подоцна Горанов се вратил во Црквата и ги претепал свештениците.

Според бугарските медиуми тој веднаш ќе биде вратен в затор, поради нарушување на условната пресуда.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *