Почетна Вера МПЦ-ОА Православните христијани го слават Бадник, ден пред Христовото раѓање

Православните христијани го слават Бадник, ден пред Христовото раѓање

43
0

Со многу помало присуство во однос на изминатите години се одбележува Бадник во црквите. Поради пандемијата изостанаа бадниковите поворки но и други традиции карактеристични за овој ден. Во дворот на Соборниот храм немаше ниту ракија, ниту топол чај. Но се делеа бадникови гранчиња. Оние граѓани кои сепак одлучија да ги испочитуваат обичаите , запалија свеќа и посакаа повеќе здравје во следнава година.

Иако изостанаа традициналите масовки поворки и кршењето  на бадниковата погача, сепак бадникарскиот кум го испочитува кумството онолку колку што дозволуваат условите.

Литургии се оддржа во сите храмови во македонската православна црква, а свештениците порачаа граѓаните да не ја губат вербата во бога во овие тешки времиња.

Во пресрет на Божиќните празници, а поради опасноста од ширење на ковид, Македонската Православна Црква ги откажа бадниковите поворки, но и други божиќни прослави каде традиционално секоја година има голем број верници. Исто така за прв пат по три децении нема да има ниту масовни собири за Водици.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *