Православната црква „Свети Никола“ во Техеран е оштетена при воздушни напади извршени во нејзина близина, соопшти руската амбасада во Иран.
Според објавата, на 1 април биле извршени два напади во непосредна близина на храмот, при што се оштетени главната зграда, домот за грижа и неколку технички објекти.
Од амбасадата информираат дека нема повредени или загинати.
Објавени се и фотографии на кои се гледаат оштетувања на кровот, искршени прозорци и урнатини околу објектот.

