Вселенскиот патријарх Вартоломеј оствари средба со францускиот премиер Себастијен Лекорну, во неговата официјална резиденција во Париз.
На средбата, премиерот Лекорну му честиташе на патријархот за неодамнешното признание од Француската академија за морални и политички науки. Вартоломеј, пак, изрази благодарност за интересот на француските власти за прашањата поврзани со Вселенската патријаршија и Митрополијата на Франција.
На состанокот присуствуваа и министерот за внатрешни работи Лоран Нуњез, членови на кабинетот на премиерот, како и делегацијата што го придружуваше патријархот за време на неговата посета на Франција.



