Политиката од Белград ни ги уредува епархиите – тоа веќе не е прашање на канони, туку на суверенитет

Date:

Share post:

Во јавноста во Црна Гора повторно се отвори прашањето за уредувањето на епархиите на Српската православна црква на територијата на државата и за можноста од поинаков статус на црковната организација.

Во авторски текст објавен на социјалните мрежи, Иван Добровиќ оценува дека влијанието на политиката од Белград врз уредувањето на епархиите во Црна Гора претставува прашање на државен суверенитет, а не само канонско прашање.

Тој наведува дека кога се залагал за „Црногорска православна црква во рамките на пеќкото наследство“, бил критикуван како расколник, но, според него, идејата не претставува прекин со преданието, туку враќање кон него.

Во текстот се истакнува дека Пеќката патријаршија историски не била национален проект на модерната српска држава, туку црковна институција што обединува различни историски области и народи. Оттаму, авторот смета дека и Црна Гора треба да има „полн, а не подреден израз“ во рамките на тоа наследство.

Добровиќ тврди дека актуелните процеси не се борба за црковно единство, туку за контрола, нагласувајќи дека доколку државната политика на Србија влијае врз уредувањето на епархиите во друга држава, станува збор за прашање на суверенитет.

Во текстот се критикува и употребата на црковните структури за политички цели, со оценка дека Црквата не треба да биде инструмент на државна стратегија. Како проблематично се наведува, според авторот, политичкото потчинување под превезот на духовно единство.

Според неговото гледиште, црква што би функционирала во рамките на пеќкото наследство, но со автономен израз во Црна Гора, не би значела раскол, туку историски континуитет, ослободен од политички притисоци.

Прашањето, како што се наведува, е дали Црквата во Црна Гора ќе биде автентичен израз на верниците што живеат таму или ќе остане поврзана со политички влијанија надвор од државата.

* Автор е верник на СПЦ (Црква на Србија, студирал на Православниот богословски факултет во Фоча (БиХ). Извор: Фејсбук

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img