
161
0
Почесниот Реис ул улема на Исламската заедница во Србија и долгогодишен муфтија на Белград, Хамдија Јусифпашиќ починал вчера во Белград. Денеска во Белград се одржала намаз молитва за Јусупашиќ, кој беше еден од најпочитуваните исламски теолози во Србија.
Хамдија Јусуфпашиќ ја извршуваше должноста на белградски имам и муфтија од 1967 година. На позицијата Мфутија на ИЗС избран е во 1994 година, а од 2006 е прв Реис или лема на Исламската заедница на Србија.
Од 2008 година е во пензија, но Врховниот собор на ИСЗ донесе одлука да го избере за доживотен почесен врховен поглавар на Исламската верска заедница на Србија.