Почетна Вести ПАПАТА: Знам дека ќе ме убијат, но го молам Бога да не ме боли
ПАПАТА: Знам дека ќе ме убијат, но го молам Бога да не ме боли

ПАПАТА: Знам дека ќе ме убијат, но го молам Бога да не ме боли

367
0

Во интервјуто за Канкова нуз, весник кој им се дели на жителите на сиромашните маала во родниот град на папата Франциско, Буенос Аирес, тој признава дека е свесен дека би можел да биде убиен и рече дека од Бога единствено сака да го поштеди од болна смрт, затоа што е „плашлив слабак“.

papa slika 1„Животот е во Божји раце“, одговори папата на прашањето за можноста да го убијат „фанатици”.
„Му реков на Бога – варди ме. Но, ако волјата твоја е да умрам или да ми сторат нешто, те молам за само една услуга – да не ме боли. Зашто кога станува збор за телесна болка, јас сум слабак“, изјавил папата.

Во тоа интервју папата Франциско потврдил дека планира во Аргентина да отпатува во 2016 година, а организирал секој, па дури и оние кои правеле лоши работи да можат да побараат прошка од Бога и рекол дека сака да расправа со луѓето кои не го делат неговото мислење.

„Зашто, и кога не се согласувате со некого, тој секогаш, ама баш секогаш, ќе ви даде нешто или ќе ве доведе во ситуација во која ќе ги преиспитате вашите стојалишта. А тоа го збогатува човекот. Тоа е начинот на кој треба да се однесуваме кон луѓето со кои не се согласуваме”, нагласил тој.
Интервјуто е објавено во неделата кога се одбележуваат две години од понтификатот на Франциско. Првиот јужноамерикански свештеник во историјата стана папа на 13 март 2013 година.

/РЕПУБЛИКА.МК

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *