Почетна Вести Папата Франциск: Сирија треба повторно да стане пример за мирен соживот на различни религии и култури
Папата Франциск: Сирија треба повторно да стане пример за мирен соживот на различни религии и култури

Папата Франциск: Сирија треба повторно да стане пример за мирен соживот на различни религии и култури

20
0

Папата Франциск изрази денеска „длабоки симпатии кон Сирија и нејзиниот народ, кој се наоѓа во тешки околности“, јави ТАСС.

franccccТоа се истакнува во неговото писмо кое беше врачено на сирискиот претседател Башар ал Асад од страна на претставникот на папата Марио Зинари во Дамаск.

Во беседата со сирискиот лидер, тој од името на Ватикан ги осуди сите „појави на екстремизам и тероризам“.

Во писмото на поглаварот на Римокатоличката црква стои повик за „удвојување на напорите на сите земји за најскоро завршување на воениот конфликт и за враќање на мирот во сите делови на Сирија“.

– Сирија треба одново да стане пример за мирно заедничко постоење на различни религии и култури, нагласува папата Франциско во писмото.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *