Почетна Вести Папата Франциск повика на „итен прекин на огнот“ во Сирија
Папата Франциск повика на „итен прекин на огнот“ во Сирија

Папата Франциск повика на „итен прекин на огнот“ во Сирија

146
0

Папата Франциск денеска повика на „итен прекин на огнот“ во Сирија, кој би траел најмалку додека не бидат евакуирани жителите, а посебно децата, кои страдаат од бомбардирањата.

papa-francisk-8– Не е во ред да се одложува. Со тоа чувство го повторувам мојот повик. Ги молам одговорните лица со сите сили да обезбедат итен прекин на огнот, да го воведат и тој да се почитува, барем додека не бидат евакуирани цивилите, пред се децата, кои се уште се заробени поради крвавите бомбардирања, нагласи папата.

Пред илјадници верници, кои се собраа на плоштадот „Свети Петар“ во Рим, папата ја истакна својата „блискост со сите жртвите на нехуманиот конфликт во Сирија“.

При постојаните бомбандирања на деловите на градот Алепо, што се под контрола на бунтовниците, само вчера загинаа 25 цивили.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *