Почетна Вести Папата Франциск го посети Аушвиц

Папата Франциск го посети Аушвиц

130
0

Папата Франциско денеска беше во посета на поранешниот нацистички концентрационен логор Аушвиц, со што стана третиот поглавар на Римокатоличката црква кој го посетил ова место каде се убиени повеќе од еден милион луѓе, повеќето Евреи.

Тој мина низ влезот на Аушвиц под натписот „Работата ослободува“ и се помолил во знак на почит за жртвите.

Подоцна пред „ѕидот на смртта“ тој се сретна со неколкумина преживеани поранешни затвореници во овој нацистички логор. Пред секого од нив застана, се ракуваше и ги бакна.

Аушвиц претходно го посетија Јован Павле Втори, кој е Полјак, како и Бенедикт Шеснаесетти, кој бил Германец.

Папата Франциско, кој е Аргентинец, престојува во посета на Полска по повод меѓународниот собир на католичката младина, кој се одржува во Краков.

/МИА

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *