Почетна Вести Папата Франциск: Абортусот е грев за простување
Папата Франциск: Абортусот е грев за простување

Папата Франциск: Абортусот е грев за простување

138
0

Папата Франциск денеска на сите католички свештеници на неодредено време им ја продолжи дозволата на жените да им го простат „гревот на абортусот“, пренесуваат светските агенции.

Papa FranciskПред една година папата го изненади светот кога на свештениците им дозволи да дозволуваaт простување на абортусот во траење на Светата година, од 8-ми декември минатата година до 20-ти ноември оваа година, а сега оваа дозвола ја продолжи на неограничено.

„Сакам уште еднаш јасно и непоколебливо да нагласам дека абортусот е тежок грев, бидејќи со тоа се завршува еден невин живот. Сепак, мора да нагласам дека не постои грев кој не може да биде простен кога ќе се наиде на срце кое вистински се кае и е подготвено за помирување со Бога“, се наведува во писмото на Папата, пренесува АР.

Нека секој свештеник биде водич, поддршка и утеха за грешниците на тоа патување на помирување, порачал папата.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *