Почетна Анализа Отец Милан: Капацитетите за дијалог и мисија ги имаме во сопствената традиција
Отец Милан: Капацитетите за дијалог и мисија ги имаме во сопствената традиција

Отец Милан: Капацитетите за дијалог и мисија ги имаме во сопствената традиција

362
0

Отец Милан Ѓорѓевиќ, професорот на Богословскиот факултет во Скопје на својот Фејсбук профил се осврна на втората емисија од серијалот „На Иста Страна“, во која заедно со професорот Метин Изети, теолог по Исламски науки учествуваа и зборуваа за религиските вредности и злоупотребата на религијата за политички цели.
Отец Милан смета дека Македонија има своја традиција на мултирелигиозен дијалог и дека тоа е основата по која треба да се оди.

Еве го во целост неговиот осврт по емитувањето на емисијата:

„Размислувам понатаму: Минатото, културната традиција и тлото под нозете кон кое на пати повикувам во документарецот не смеат слепо да се идеализираат. Како и се во овој свет и век, тие се проникнати од гревот, пороците и нивните плодови – зависта, стравот, кукавичлакот, омразата, надменоста, тврдоглавоста, лекомисленоста . . .
Самото место на кое е снимен вториот дел од разговорот, скопскиот камени мост, е молчалив сведок на оваа вистина.
Милан и Метин2Тој поврзува, но и разделува; тој е место на средби (како нашата средба со sex-workers парадата за време на снимањето), но и место на разделби (сп. Б. Нушиќ, 1915); тој е оној лак што се извишува над градот, по кој, одејќи, си климнуваме едни на други со глава, застануваме да се поздравиме, да се видиме, да поразговараме и да си укажеме почит еден на друг; но тоа е и место на крв, страдание и понижување – од деновите на Карпош, па се до стутканите и премрзнати циганчиња-питачи со кои денес се идентификува мрачната страна на овој симбол на Скопје.
Се на се, имаме многу да работиме врз себеси.

Милан и Метин1Но, иако сме далеку од совршени, повторно останувам на тоа дека не смееме да се откажеме од своето. Капацитетите за дијалог и мисија ги имаме во сопствената традиција. Треба со двете нозе да застанеме во неа, да се соочиме со неа, да се бориме и да се избориме со неа. Тоа е нашиот крст, што Бог ни благословил да го носиме и преку него да се удостоиме за Царството Божјо.
Треба да ја сакаме традицијата – но секогаш како крст. Тогаш ќе нема ниту кризи на идентитетот, ниту омраза и нетрпеливост, ниту апатија и безидејност, ниту ќе го има очајниот и беден порив да се спакуваат куферите и да се фати „усвет“. И дури тогаш ќе имаме сила да излеземе на мегдан со светот – светот на минатото и на сегашноста, светот во глобални и во локални рамки, светот надвор од нас и светот во нас самите, во срцето на секого од нас… и да победиме. Ете го нашиот предизвик, нашата „света војна“ во која треба да покажеме херојска мажественост, непоколеблива вера и маченичка љубов.“

 

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *