Почетна Вести Европа Осквернавени еврејски гробишта во близина на Стразбур
Осквернавени еврејски гробишта во близина на Стразбур

Осквернавени еврејски гробишта во близина на Стразбур

200
0

Околу 80 гробови се осквернавени на Еврејските гробишта во источна Франција, соопштија властите. Штетата е откриена денеска, во пресрет на најавените маршови на национално ниво против зголемувањето на антисемитистичките напади.

Францускиот претседател, Емануел Макрон, ја осуди антисемитската злоупотреба, по нападот на истакнат интелектуалец за време на протестите во Париз изминатиот викенд.

Полицијата интервенираше за да го заштити филозофот, Алан Финкелекраут, откако тој беше бомбардиран со навреди и антиеврејски подбивања од страна на демонстрантите од групата „жолти елеци“.

Министерот за внатрешни работи, Кристоф Кастанер, предупреди дека антисемитизмот во земјата се шири како отров, преку постојани пријави за серија антиеврејски инциденти во центарот на Париз.

/makfax

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *