Почетна Вести Обвинителството во Ватикан бара затворски казни за „Ватилекс“
Обвинителството во Ватикан бара затворски казни за „Ватилекс“

Обвинителството во Ватикан бара затворски казни за „Ватилекс“

105
0

Ватиканското Обвинителство вчера побара затворски казни во траење од една година до три години и девет месеци за четворица од петмината обвинети за објавување на доверливи информации за финансиите на Римокатоличката црква.

vatikan slikaОбвинителите побараа три години и девет месеци затвор за италијанската консултантка за односи со јавноста Франческа Имаколата Чаукуи, а три години и еден месец за шпанскиот свештеник Луцио Валехо Балда, соопшти портпаролот на Ватикан, Федерико Ломбарди.

За помошникот на Балда, Никола Мајо обвинтелите бараат 27 месеци затвор, а за новинарот Џанлујџи Нуци – една година. Обвинителството го повлече обвиненителниот акт против петтиот осомничен, новинарот Емилијано Фитипалди, поради недостиг на докази.

Чаукуи и Балда, кои беа членови на сега расформираната комисија за рефоми на Црквата, се товарат дека стојат за протекувањето на доверливите финансиски податоци на Ватикан, кои доведоа до т.н. афера „Ватиликс“.

Ломбарди најави дека адвокатите на обвинетите треба своите завршни одбрани да ги изнесат утре и задутре, а до крајот на неделата се очекува судот да ги изрече пресудите.

Ватикан беше изложен на критики во врска со аферата „Ватиликс“ и беше обвинет за крешење на Европските одредби за слобода на говорот, поради обвиненијата против новинарите и официјалните претставници кои ги објавија информациите.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *