Почетна Вести Новинари осудени за објавување на карикатури за пророкот Мухамед
Новинари осудени за објавување на карикатури за пророкот Мухамед

Новинари осудени за објавување на карикатури за пророкот Мухамед

129
0

turciuja vesniciСуд во Анкара денеска осудил двајца истакнати турски новинари на две години затвор бидејќи своите колумни ги илустрирале со контроверзна карикатура на пророкот Мухамед, првично објавена во францускиот Шарли Ебдо.

Пресудата е изречена за колумнистите на опозицискиот Џумхуриет, Хикмет Џетинкаи и Џејди Каран, кои имаат право на жалба.

Судењето почна во јануари лани под обвинение за „поттикнување јавна омраза и навреда за религиски вредности“.

Весникот Џумхуриет минатата година објави прилог на четири страници со материјал од Шарли Ебдо преведен на турски, и тоа беше прв број кој францускиот сатиричен неделник го објави по смртоносниот напад на исламисти врз редакцијата во 2015 година.

Прилогот не ја содржеше контроверзната насловна страна на Шарли Ебдо со карикатура на пророкот Мухамед, но карикатурата двапати беше прикажана на внатрешни страници.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *