Ѓаконот Мартин Митев од Соколарци е новиот свештеник во редовите на Брегалничката епархија. Свештенството со кое раководи, Митрополитот г. Иларион од вчера е побројно за уште еден свештеник.
Чинот на ракополагање на отец Митев го извршил надлежниот Архиереј, во Соборниот храм, Свети Николај во Штип.
На денот кога црквата го слави преподобен Пимен Велики, св. мч. Фануриј, Владиката Иалрион отслужил и света архиерејска литургија, во сослужение на свештеници од Брегалничката и Дебарско – кичевската епархија. На светата литургија, Надлежниот Митрополит Брегалнички г. Иларион извршил и молитва за успех на учениците, бидејќи во градот Штип, на празникот на Светиот маченик Фануриј, храмот најмногу е посетен од учениците заедно со своите родители.
/РЕЛИГИЈА.МК