Никола Мантев го фати светиот крст во Кавадарци

Date:

Share post:

Никола Мантев (25) го фати светиот крст во реката Луда Мара во Кавадарци што беше положен по повод денешниот голем христијански празник Богојавление – Водици.

vodici kavadarciВодосветот со литургии, во духот на христијанската традиција, го организираа двете православни цркви „Свети Димитрија” и „Света Петка”, а заврши со две свечени поворки и фрлање на осветниот крст.

Мантев посака здравје и среќа  за своето семејство. – Досега многу пати сум се фрлал по крстот на Богојавление Водици, но денеска првпат ми успеа и да го фатам, изјави Мантев кој доби два ТВ приемника за подарок, еден од општината и еден од Зегин.

Освен него, во водите на реката по светиот крст се фрлија уште десетина лица.

Честитајќи го празникот, кавадаречкиот градоначалник Александар Панов посака здравје, среќа и бериќет за сите.

/МИА

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img