
Можно е решение на судирот меѓу Ерусалимската и Антиохиската Патријаршија за спорот во Катар, објавува интернет порталот „Ромфеа“.
Подготовките се во завршна фаза и на иницијативата на Кипарскиот Архиепископ, Хризостом, на Кипар ќе се сретнат патријарсите Антиохиски Јован и Ерусалимски Теофил. Архиепископот на Кипар Хризостом, практично ќе биде медијатор за постигнување решение на проблемот.
Според ексклузивните информации на „Ромфеа“, средбата треба да се случи кон крајот на март годинава.
Ерусалимската и Антиохиската Патријаршија влегоа во отворен судир за јуриздикцијата врз Катар.
Ерусалимскиот патријарх назначи свој епископ во Катар, што предизвика револт кај Антиохиската патријаршија која тврди дека областа во Катар е под нејзина јуриздикција.
Катарското јурисдикциско прашање беше причина Синод на Антиохиската Патријаршија да донесе одлука да го прекина црковно општење со Ерусалимската патријаршија.
Обидите спорот да се реши на состанокот во Шамбези, во јануари не донесе резултат. Таму Антиохиската Патријаршија је претставуваше трочлена делегација на Синодот во отсуство на Патријархот Јован.