Почетна Вести Муслимани изградиле камбанарија на црква
Муслимани изградиле камбанарија на црква

Муслимани изградиле камбанарија на црква

986
0

Муслиманите од селото Козлец, кај Хасково, ја изградиле камбанаријата на селската црква “Св.Архангел Михаил”.

kozlecВо селото живеат 600 лица, меѓу нив само 60 се христијани. Камбанаријата на храмот им до неодамна била на дрвена конструкција и постоела опасност да падне во секој момент. Бидејќи христијаните се премалку за да можат сами да ја обноват, муслиманите од селото решиле да им помагаат. Прв иницијатива покренал локалниот претседател на месната заеднциа.

Тој донирал две свои плати за зајакнување на камбанаријата. Тој чин го следеле и други, меѓу нив еден донатор се вклучил во акцијата за целосна санација  на храмот.

Селскиот управник дава секој ден пример за толеранција со тоа што влегува во црквата да запали свеќа. Неговото потекло до десеттото колено наназад е од селото Козлец. Некогаш муслиманите биле тука малцинство, додека христијаните не почнале масовно да се повлекуваат кон градот и сега се една десетина од жителите. Но и тогаш, и сега, кога христијаните се помалку, луѓето живеат сложно и на сите верски празници се заедно, пишуваат бугарските медиуми.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *