Почетна Вести Христијанство МПЦ-ОА и на дело почна да спроведува руска агенда
МПЦ-ОА и на дело почна да спроведува руска агенда

МПЦ-ОА и на дело почна да спроведува руска агенда

3.19K
4

Трочлениот Синод на МПЦ-ОА, Архиепископот Стефан и Владиците Петар и Тимотеј донеле одлука МПЦ-ОА да не сослужува со архиереите, монасите и свештенството на Автокефалната Православна Црква на Украина. Одлуката била донесена на последната седница на Синодот во Редовен стостав во кој члениваат само тројцата владици и испратена до свештениците

-Светиот архијерејски синод на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија (МПЦ ОА), на својата редовна седница, одржана на 28 март 2023 година, разгледувајќи го прашањето за литургиско сослужување со Православната Црква на Украина (ПЦУ), по опстојна дискусија, одлучи да не сослужува со јерархијата на Православната Црква во Украина, до конечно решавање на нејзиниот статус во полнотата на Православието. Надлежните епархиски архијерен да го известат своето парохиско свештенство, свештеномонаштво и Верен народ за оваа Одлука, стои во одлуката.

Оваа долука на тројца владици во името на целата МПЦ-ОА практично е директно одработување за интересите на Московската патријаршија и на штета на сопствените црковни интереси. Сама по себе одлуката е спорна и од аспект на тоа што е донесена од редовниот (трочлен состав на САС) бидејќи тоа е делокруг на работа на Пленарниот полн состав на САС на МПЦ-ОА:

Од друга страна одлуката е парадоксална. МПЦ-ОА со одлука на Вселенската Патријаршија од 9 мај 2022 година беше вратена во канонско единство со Православните цркви, со што и беше овозможено да сослужува по раскол од 55 години, сега носи одлука да не сослужува со црква која има добиено автокефалност и чија шизма исто така беше симната со одлука на Вселенската Патријаршија.

Самиот заклучок пак дека тројца владици одлучиле МПЦ-ОА да не сослужува со јерархијата на Православната Црква во Украина, до конечно решавање на нејзиниот статус во полнотата на Православието е без преседан и став за потсмев. МПЦ-ОА, која се уште нема целосно признаена автокефалност, носи вака црвста и силна одлука, што укажува само на тоа дека таа одлука е донесена во еден друг центар, а само верификувана од МПЦ-ОА односно од трјца владици.

Ниту една од православните цркви кои се под директен притисок од Москва да не сослжуваат со Православната црква во Украина немаат донесено ваква дрска одлука. Напротив прашањето го канализираат во некаква форма на внатрешна дискусија со што практично купуваат време, но затоа Стефан, Петар и Тимотеј (како што стои во одлуката по опсшежна дискусија) заклучиле дека нема да сослужуваат со архиереите на оваа црква, бидејќи Вартоломеј ја вратил неканонски во канонско единство. А тој истиот Вартоломеј и нив ги извади од дното, ете за да можат дека да носат стратешки одлуки.

Да не е смешно ќе биде трагично.

Коментар(4)

  1. Marjanco, smali zanes ziti se.”Stefan Petar i Timotej” ne ti se drugarcijna od maalo.

  2. Та нели го чекаме официјалниот томос од Константинопол. Додека не пристигне томосот, нема за што ние да одлучуваме. Има време и за Украина. Тоа нема врска со Русија и РПЦ. Не треба да се брза. Прво да станеме ние официјални, па потоа со официјални признавања.
    П.С. Ти Маријан изгледа не знаеш од која чешма вода пиеш …

  3. Стана мода ете да се профанизира Православието. Веќе никој не ни помислува дека одлуките на архиереите би можеле да бидат и од мистична природа, дека некој постапува по откровение Божјо. Еден Патријарх повикува друг преку јавно гласило, му соопштува за идните аспекти од својот пастирски подвиг, секој смета дека на другиот “меѓите му паднале во најубавото” или дека знае како треба да се оплодува таквото “најубаво” парче од екумената, дури се зборува и за можноста меѓите да се поместуваат, срцата да оладуваат без многу ревнување за квинтесенцијата на таквото “најубаво” (лавра ли ќе биде, тихувалиште ли ќе рикне, молитви ли ќе се испалуваат како рафали од еден меридијан до друг – што ќе ни е да се вдлабочуваме во густите пластови на благодатта Божја, кога ги сфативме најтенкосетни нијанси на змиската кожа со која можеме да се украсиме како со ретка скапоценост во секоја дупка на почвата во овој свет!) Веќе и новинарите со принаучена еклисиологија небаре безмалку пророкуваат и ги изведуваат на светлоста на медиумскиот ден остриците на вистината на не толку зборлестите архиереи изнудувајќи признанија за тајни одлуки кои јавноста морала да ги знае, со се’онаа јавност која тврди дека Црквата има право да молчи во отсуство на сертифицирани адвокати, а особено должност да молчи секогаш кога елементарната онтолошка вистина е замолкнувана… Еве, во тој дух да се запрашаме: зошто првосвештениците на една штотуку осамостоена помесна Православна Црква во земја која е под оган на страотна војна би чувствувале потреба да сослужуваат со Отци од друга Помесна Црква? Како воопшто им паѓа тоа на памет! Нели е најприродно да се сосредоточени на таа голема неволја, на страдањата на својот народ, на опасностите и на можностите што ги носи војната а го докоснуваат духовниот подвиг на секој христијанин, па и на секој човек на најдлабок можен начин? Каде го бара Изворот на спасението една стратешки оптоварена практика на маневарското богослужење кое лукаво излегува од мистиката за да ја изманипулира и мистеријата и семантиката?! (Зарем денес се соочуваме токму во тој најгорлив терен кај самото Православие со еклисиологија која е во суштина една копија на римокатоличката, каде “договорот е тој што куќа гради” ? ) Како да не се согласиме, најпосле, дека одлуката на тројцата македонски архиереи е всушност крајно мудра!

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *