
Ѓаконот Константин Павлевски од денеска е свештеник на Македонската православна црква. Во презвитерски чин беше ракоположен во Лешочкиот манастир од Митрополитот Пимен и Митрополитите Тетовко-гостиварски, Јосиф и Кумановско-осоговски Јосиф.
Презвитер Константин, или попознат како Кочо во Европската Епархија, каде што работи како референт, е дел од младата генерација, надежни свештеници на МПЦ-ОА.
Претходно пред ракополагањето на Отец Константин во Презвитер, тројцата митрополити на МПЦ отслужија Василиева Литургија, на која сослужуваа свештеници од неколку епархии на МПЦ, меѓу нив од Тетовско-гостиварската, Дебарско-кичевската, Европската, Струмичката, Кумановско-осоговска и Преспанско-пелагониската епархија.
По литургијата било служена трисагија на гробот на нашиот просветител и голем духовник од времето на македонската преродба игуменот Кирил Пејчиновиќ, кој неуморно се борел за зачувување на чистотата на православната вера, и на изворното православно предание, трудејќи се да искорени секакво суеверие.
Светата литургија со своето пеење ја збогати женскиот хор „Менада“ под раководство на маесто Ивица Зориќ.
ГАЛЕРИЈА: