Почетна Вести Христијанство Митрополит или Архиепископ – во кое своиство Григориј му пишува на Онуфриј?
Митрополит или Архиепископ – во кое своиство Григориј му пишува на Онуфриј?

Митрополит или Архиепископ – во кое своиство Григориј му пишува на Онуфриј?

1.17K
3

Кумановско-осоговскиот митрополит Григориј продолжува со своите скандалозни потези да ја провоцира јавноста и да „креира“ надворешна политика на МПЦ-ОА по сопствен урнек, а Синодот јавно молчи.

Овој пат Григориј испратил честитка до Онуфриј, поглаварот на Украинската православна црква дел од Московската Патријаршија за неговите 33 години арехиерејска служба. Зошто Григориј настапува од позиција на поглавар на МПЦ-ОА, кога црковниот ред е јасен дека со поглавар комуницира поглавар на црква, а не локален митрополит?

Дополнително контроверзен е и дел од текстот на честитката во кој Гругориј вели зборува за страдањата на УПЦ-МП изминативе години, алудирајќи на политичките постапки на уѕкраинските власти, но со ниту еден збор на ја споменува руската воена агресија врз Украина, од чии ракети настрадаа голем број верници на оваа црква, но и објекти на УПЦ-МП.

Еве што му напишал Григориј на Онуфриј.

Ваше влаженство, богодаруван Митрополит Киевски и на цела Укранна Претстојател на Украннската Православна Црква г.г. Онофриј дозволете и Мојата смиреност Митрополитот на Кумановско-осоговската епархија да ве поздравам по повод вашиот лубилеј 33-тата годишнина од ариерејската служба, Ваше Влаженство, кога си спомнувам за долгите години на Вашата архипастирска служба во Вас постојано го гледам добриот пастир кај си ја полага својата душа за своите овци. Вие како вистинскиот пастир, кој е како светило на врвот на планината, и кој од секаде се гледа сте патерналист кој е свесен за единствениот интерес- човекот кај треба да ја достигне совршеноста на човекот, применувајќи го заветното човекољубие, а преку наднационалните граници и транснационална соработка помеѓу нациите и единетвото и еднаквоста на Помесните Православни Цркен во Сеправославниот Себер

Бог Семилостивиот да ви дарува сила и бодрост на духоти телото и постолјано да ја укрепува Вашата света десеница, за да продолжите по светиот пат на чекорите еве веќе 33 години. Блажењеши Владико, Ве уверувам дека постојна сте во нашите молитви, Вие, Вашиот клир и Вашите верни чеда. Постојано си споменуваме за вашите страдања кои ги претрпувате во изминатите децении, но особено во последните годнини. Ве уверувам дека нашата богодарувана Кумановско осоговска епархија сострадува со Все и Вашиот боголубив народ

На многаја и благаја лета Блажењеши Владико!

Коментар(3)

  1. Колку убаво писмо! Таму каде што има љубов нема потреба од хиерархија. Хиерархиски, во времето во кое живеел дури и Богочовекот Исус Христос бил никој и ништо во смисла на официјален црковен чин во ерархијата на тогашната (Старозаветна од аспект на тековноста на Неговиот спасителен подвиг се’ до испраќањето на Светиот Дух на Апостолите на Педесетница, но во автентична смисла на поимот и Новозаветна, со оглед на непрестајното сведоштво на незапамтената благодат и лично и во вид на власт на дарување од Него како Дародавец – прво кон Апостолите, а потоа и во сите коишто поверуваа во Неговото Име – и како Исполнител на Домостројот на спасението во вид на Нов Завет чија тековност на разни рамништа ја живееме до Парусијата). Но, во горниот текст не ни станува збор за носител на царско свештенство туку за Епископ, за Митрополит Кумановско-Осоговски (иако секој Епископ, па и секој христијанин во Телото на Црквата со својот подвиг на извесен начин според своите сили иво својата мера го оди патот Христов). Значи, кога зборуваме за Епископ мислиме на носител на полнотата на даровите на Светиот Дух (ако веќе сакаме да говориме во духот на Светото Предание на Црквата, имајќи го на ум откровението за мистичното место на Епископот во Црквата според Св. Игнатиј Богоносец, на пример). Верувам дека Блажениот Архиепископ Охридски и Македонски г. г. Стефан, чија непресушна и длабока духовна љубов ни е длабоко посведочена на сите нас не наоѓа каква било непристојност во ова срдечно писмо или дека се чувствува “прескокнат” во правото да изрази братска љубов во име на Македонската Православна Црква (бидејќи писмото е и прилично лично) и сочувство кон г. Онуфриј, Митрополитот Киевски и на цела Украина. Секако дека нашиот Блажен Архиепископ може да си испрати свое писмо (па и стотици писма) за да ги укрепи своите православни браќа во овие времиња на големи искушенија за нив кога ќе почувствува дека треба. На сите ни е јасно колку е незавидна нивната положба денес. Но, колку повеќе меѓусебна братска љубов толку подобро! Како може да биде вознемирена јавноста од едно вакво писмо? Која јавност е вознемирена? Или кој е всушност вознемирен?

  2. Voznemiren e samo novinarov, avtorot na tekstov. Toj smeta deka vaka emotivno pismo vladikata na Severno makedonskata (NATO-vrska) crkva treba da bide adresirano do Brisel, EU, do Stotenberg, i do Bajden, oti tie se zaštitnici na Makedonskata samo bitnost a crkvata e vo ljubov so nivnata misija, so nivnata propoved.

  3. Еве што му напишал Григориј на митрополитот Онуфриј:

    “Ваше Блаженство, богодаруван Митрополит Киевски и на цела Украина Претстојател на Украинската Православна Црква г.г.Онофриј дозволете и Мојата смиреност Митрополитот на Кумановско-осоговската епархија да ве поздравам по повод вашиот јубилеј 33-тата годишнина од архиерејската служба, Ваше Блаженство, кога си спомнувам за долгите години на Вашата архипастирска служба во Вас постојано го гледам добриот пастир кај си ја полага својата душа за своите овци. Вие како вистинскиот пастир, кој е како светило на врвот на планината, и кој од секаде се гледа сте патерналист кој е свесен за единствениот интерес- човекот кај треба да ја достигне совршеноста на човекот, применувајќи го заветното човекољубие, а преку наднационалните граници и транснационална соработка помеѓу нациите и единетвото и еднаквоста на Помесните Православни Цркен во Сеправославниот Собор.”

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *