Почетна Вести Европа Видео покажа дека од куполата на Света Софија веќе паѓаат фрагменти
Видео покажа дека од куполата на Света Софија веќе паѓаат фрагменти

Видео покажа дека од куполата на Света Софија веќе паѓаат фрагменти

551
1

Неодамна на интернет се појави видео од 2022 година, на кое јасно се гледа како од куполата на Света Софија, поранешното средиште на христијанската вера во Константинопол, паѓаат фрагменти врз посетителите. Снимката направена од безбедносните камери и објавена од турскиот медиум BirGün, покренува низа сериозни прашања во врска со безбедноста на поранешниот христијански храм, сега џамија. Стручни лица упорно предупредуваат дека покривот сè повеќе се рони поради високото ниво на влага од преголемата маса народ, но и покрај тоа не се преземени никакви мерки. Претседателот на турското Здружение за Историја на Уметноста Шериф Јашар, апелира за што побрзо реставрирање на овој споменик, тврдејќи дека „ако Света Софија не биде реставрирана, ќе падне при првиот потрес“.

Споменикот беше претворен во џамија пред 3 години, откако претходно служеше како музеј од 1935 до 2020 година. Во овој период, според тврдењето на турското министерство за туризам и култура, како музеј тој примил над 21 милион посетители.

Јашар додава дека уште додека црквата беше музеј, научниот совет задолжен за неа, имаше ставено ограничување на бројката, инсистирајќи дека одеднаш во црквата не смеат да влезат групи поголеми од 25 луѓе. Но тие упатства беа игнорирани и сега огромниот број на посети ја доведе во прв план итната потреба од реставрација.

И еден друг турски историчар, Илбер Ортаили, го изрази својот страв дека Света Софија може да доживее катастрофално распаѓање на структурата, ако не се пристапи веднаш кон нејзино реставрирање. Тој исто така нагласи дека храмот има претрпено навистина значителни штети од моментот кога е претворен во џамија.

Во јуни 2022 година во голема мера беше уништен мермерниот под поради употребата на тешки машини за чистење на местото.

Во април 2022 година, турското здружение на историчари на уметност изјавија дека историските влезни врати во Света Софија се тешко оштетени. Здружението објави фотографија на која јасно се гледа сериозното оштетување на оваа дрвена врата од XV век.
Света Софија е изградена во VI век како Соборен храм на Православната црква. Потоа со паѓањето на Византија под Отоманска власт, е претворена во џамија. Од времето на Ататурк добива статус на музеј и до ден денес останува голема туристичка атракција со значителна историска важност. Пред 3 години повторно е претворена во џамија.
https://neoskosmos.com/en/2023/11/29/news/world/officials-argue-for-repairs-to-hagia-sophia-after-footage-shows-fragments-falling-from-the-dome/
Извор: neoskosmos.com

Коментар(1)

  1. Па, тоа е најзначајниот црковен храм изграден од македонски ктитор, Св. Цар Јустинијан (византиски цар со македонско потекло). Одговорноста на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган кој со политичка одлука го претвори овој православен храм (некогаш и музеј) во џамија е огромна. Не верувам дека последиците од овој негов гест ќе му се допаднат.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *