Почетна Вести Мексико станува најопасна држава за свештениците
Мексико станува најопасна држава за свештениците

Мексико станува најопасна држава за свештениците

128
0

Со 15 убиени свештеници во последните четири години, Мексико станува најопасна држава за вршење свештеничка служба во целиот свет, тврди портпаролот на Архиепископијата на Мексико.

mexiko-2Во последниот објавен извештај на истражувачката единица на Мултимедијалниот центар на Католичката евидентирани биле 14 убиства на свештеници од 2012 до 2016 година. Смртта на отец Алфредо Лопез, чие тело беше пронајдено ноќта на 24 септември е 15-ти убиен свештеник.

-Стана јасно дека Мексико е земјата каде што министрите на Католичката црква се најмногу изложени на ризик, изјавил портпаролот.

Само во последната недела, тројца свештеници биле убиени во државите Веракруз и Мичоакан. Отец Лопез, бил киднапиран на 19 септември во Мичоакан. Неговото тело беше пронајдено на 24-септември.

И во двата случаи мексиканските власти се обидуваа да негираат дека овие убиства се поврзани со организираниот криминал, иако Веракруз и Мичоакан се соочуваат со години со насилство од нарко-картелите.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *