Почетна Вести Меѓуверска молитва за мир на Блискиот исток
Меѓуверска молитва за мир на Блискиот исток

Меѓуверска молитва за мир на Блискиот исток

135
0

Христијаните, муслиманите, сабеите и јазитите заедно се молеле против насилството и тероризмот. Меѓурелигиската церемонија се одржала на 30 мај вечерта во црквата „Пресвета Богородица на Светата Бројаница“ во Багдад.

meguverska molitva 1Иницијативата е на Калдејскиот патријархат во Ирак и според него за мирот се потребни не само воени решенија, туку и молитви.

-Искрената молитва пред Господа не менува внатрешно и ни дава мир и визија да работиме заедно за доброто на земјата и за еден подобар свет, изјавил патријархот Сако.

Текстот на заедничката молитва е подготвуван долго и детално, за да биде од помош и утеха на сите, истакнуваат организаторите.

-Изборот на денот е диктиран од завршувањето на месецот на Марија и претстојниот свет месец за пост на муслиманите, потенцирал  Сако.

Токму поради тоа, во црквата присуствуваа и верските водачи на сунитите и на шиитите. Покрај верските водачи на молитвената средба присуствуваа и дипломатски претставници. Надежта на патријархот Сако е дека молитвата исто така може да доведе до позитивни политички и граѓански разултати, пишува Радио Ватикан.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *