Почетна Репортажа Македонците во Мелбурн, обединети во работна акција
a1
a2
a3
a4
a5
a6
a7
a8
a9
a10
a11
a12
a13
a14
a15
a16
a17
a18

Македонците во Мелбурн, обединети во работна акција

978
1

Игуменот Гаврил ги организирал верниците на македонската Православна Општина за Мелбурн и Викторија во доброволна работна акција за уредување на во паркот “Македонија”, во Кинг Лeјк.

Со работната акција во неделата бил украсен дворот на манастирот “Св. Климент Охридски”, пишува „Фаланга“

-Секоја чест за Македонците кои во голем број дојдоа за поканата за оваа работна акција и помогнаа во разубавувањето на дворот на македонскиот православен манастир “Св. Климент Охридски” во Кинг Лeјк, велат организаторите.

– Ова е почеток на црковно и национално обединување на Македонците во Мелбурн и Австралија, потенцирал Претседателот на Македонската Православна општина за Мелбурн и Викторија, Мирчо Ангеловски.

Во работната акција се вклучил и познатиот хуморист Васко Тодоров (Тошо малерот) кој од неодамна живее во Мелбурн

ФОТО: ФАЛАНГА

Коментар(1)

  1. Дедо Петар богослужи, отец Гаврил сади цвеќиња!
    Еве уште еден доказ дека отецот Гаврил и неговите духовни чеда апсолутно ништо не научиле за светата вера наша Христијанско-Православна и уште повеќе дека ништо не применуваат.
    Во недела рано на утро не бидува да се работи. Тоа го забранува и 4. Мојсеева заповед, тоа го забрануваат и црковните закони и канони. Во недела на утро мироносиците жени отрчаа кон Христовиот гроб и Го најдоа Христа Воскреснатиот. Не отрчаа да работат и да копаат. Во недела – малото Воскресение, на Христијанинот, па макар бил схизматиководач му прилега да присуствува на светата Божествена литургија (која започнува претходниот ден со вечерната богослужба, а потоа продолжува утрото со воскресната утринска богослужба), а не да обработува приватни имоти, па макар во тие имоти имало и осветени приватни параклиси.
    Дедото Петар, против кого работи игуменот Гаврил со своите тн. духовни чеда и сите австралиски схизматици – компанисти служеше света литургија. Епа по делата ќе не` препознаат… Дали сме Христови и се собираме на светата литургија или пак сме земни и се собираме со мотиките и садиме цвеќиња, дрвца и слично. Ама нашите стари рекле, кој во недела и празник работи, залудо работи и од сработеното никаков аир нема да види…

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *