Мадона три часа во манастирот Варлаам во Метеори: побарала духовни совети од игуменот

Date:

Share post:

Поп-ѕвездата, која вчера го прослави 68-от роденден, за време на престојот во Грција посетила православен манастир и разговарала со игуменот

Како што објавува грчкиот портал „Прототема“, поп-ѕвездата во петокот, 14 август, пристигнала во Метеори од Крф, каде што претходно престојувала. Таа била во придружба на група од околу 12 лица, меѓу кои и нејзиниот син, а пристигнале со два хеликоптери.

Мадона во Метеори се задржала околу три часа, од 16 до 19 часот. За тоа време го посетила Светиот манастир Варлаам, придружувана од двајца водичи.

Нејзиниот трансфер од местото на слетување до манастирот бил организиран од Visit Meteora, додека Патриша Манија и Доминики Калафати ја придружувале пејачката и ѝ го претставиле манастирот.

Фотографиите од посетата ја прикажуваат Мадона облечена во бело. Според информациите од грчките медиуми, таа во текот на престојот била љубезна и пријателски расположена, но истовремено настојувала да остане дискретна и да не привлекува внимание.

Посетата била реализирана откако манастирот веќе бил затворен за посетители. Монасите го отвориле Варлаам специјално за Мадона и нејзината придружба.

Поп-ѕвездата имала и средба со игуменот на манастирот, отец Бенедикт.

Според сведоштво на еден од монасите, разговорот меѓу Мадона и 49-годишниот игумен имал особено личен и духовен карактер.

Игуменот Бенедикт бил избран на оваа функција во февруари 2022 година.

Во текот на разговорот, Мадона покажала посебен интерес за духовни теми и, според сведоштвото, од игуменот побарала „духовно водство“.

Таа го прашала и за бројаницата што ја држел во раката, што дополнително го насочило разговорот кон прашања поврзани со православната духовност и молитвата.

Посетата на Метеори била кратка, но според грчките медиуми, Мадона очигледно сакала да го искористи престојот во познатиот православен монашки комплекс за поинакво, потивко и подуховно искуство.

По околу три часа поминати во Метеори, пејачката се вратила на Крф, каде што го продолжила одморот во Грција.

Метеори се едно од најзначајните православни монашки средишта во Грција и се наоѓаат на листата на светско наследство на УНЕСКО.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img